Вест: Заев почнува чистка во СДСМ - за 5.000 евра членството работело за власта

 

Заев најавува чистка во СДСМ, пишува весникот Вест, повикувајќи се на партиски извори. Според информациите, на удар ќе бидат оние за кои со факти било утврдено дека не работеле ништо или работеле за пораз на партијата на последните изборни циклуси. Меѓу нив, како што пишува Вест, има и такви кои за „ситни бизниси од по 5-6 илјади евра месечно, работеле за тужи интереси, првенствено за власта“
„Ова не е реваншистички чекор. СДСМ ќе прави оперативен систем каде што нема да биде битно кој е лидер во даден момент. Тој систем ќе функционира многу едноставно. СДСМ, како и досега, нема да биде како ВМРО-ДПМНЕ - да владее со страв, закани и со уцени. За секоја обврска за секој член, партиски орган, општинска организација, ќе има рокови. Ако не се исполнат, автоматски ќе следува смена", брифираат партиски извори за весникот.
Меѓу оние кои ќе добијат „метла“ ќе бидат и функционерите кои ги поставил Заев кога дошол на власт.
Според информациите кои ги објави весникот, чистаката ќе се одвива во две фази. Во првата ќе „летаат“ претседтелите на општинските организиации но не се открива за колкумина се работи.
Во втората фаза ќе се бара прочистување на локалните извршни одбори. Тука се најавува чистка и на т.н. „бранковисти“ а први за „отстрел“ се Минчев, Савова, Станковиќ, Макрадули, Павловска-Данева. Оправдувањето е дека не работеле ништо и поради тоа, партијата била слаба.
Крајната цел, како што пишува Вест е да се постават нови луѓе кои ќе можат во секое време да соберат голем број луѓе на протести.

 

„По една година отсега, додека тече трансформацијата на партијата и паралелно вонпарламентарните активности кои ќе се одржуваат низ цела Македонија, тие претседатели на разграноците ќе треба со едно 'ало' да соберат за неколку часа, во секој момент 50.000 луѓе пред Парламент", објаснуваат од СДСМ за Вест

30.05.2014 - 10:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега