Две малолетни сестри групно силувани, па обесени на дрво - хорор кој го потресе светот

 

Светот остана шокиран откако се пронајдени телата на две сестри од Индија на возраст од 14 и 15 години, тие биле групно силувани. Меѓу силувачите имало најмногу двајца полицајци, а сестрите потаоа биле обесени на дрво.

Беживотните тела на двете сестри ги пронашле селаните кои потоа се собрале околу телата, тивко протестирајќи против неактивноста на надлежните органи, на кои пред два дена им било јавено дека девојките исчезнале.

Индиската полиција соопштила дека аутопсијата покажала дека девојките повеќе пати се групно силувани пред смртта, до која дошло со бесење, а три лица се уапсени под сомнение за стореното ужасно злосторство.

- Меѓу осомничените се двајца полицајци, изјавил Атул Саксен, официјален претставник на полицијата.

 

30.05.2014 - 10:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа