Ужасно - калуѓерки злоставувале куче!

 

Ужас се случил во Америка. Калуѓерки  оставиле куче да го јадат болви и други паразити. Кога тимот од ветеринари се јавил на повикот да го спаси кучето по име Кели, биле шокирани од веста дека негови сопственички се калуѓерки.

"Жени кои го посветиле својот живот во служба на Бога го направиле тоа на ова кутро суштество. Тие го донеле од црквата во дворот кога било мало. Меѓутоа, како и сите кучиња, Кели пораснала, а тие ја ставиле во аголот со многу краток ланец", наведуваат ветеринарите.

Нејзиното крзно речиси целосно опаднало од разните инфекции и болви, а калуѓерките многу ретко ја хранеле, односно ја оставиле да умре.

"Кели ја добила болеста Бабезиоза, која ја пренесува паразит кој ја инфицира крвта. Калуѓерките ја оставиле да ја изедат болви и други паразити. Тие само ја гледале нејзината агонија", наведуваат ветеринарите.

 

30.05.2014 - 09:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега