Здравко Чолиќ: Мислам дека заслужувам македонски пасош - ја сум скоро Македонец
"Јас сум малтене Македонец ако се земе предвид колку контакти сум имал со Македонија преку концертите и сите мои посети тука. Прочитав дека Раде Шербеџија добил македонско државјанство, мислам дека јас многу пред него го имам заслужено со тоа колку пати сум бил тука и колку ја сакам Македонија, вели пејачот Здравко Чолиќ кој во Македонија го снимаше спотот за „Ватра и барут“.
-Што се однесува до спотот, многу сум среќен и задоволен што снимивме еден ваков спот. Ова е сигурно еден од моите најубави спотови во последните пет години. Сосема сум задоволен со целата реализација, како и поради фактот што со спотот ги промовираме двата македонски бисери, Скопје и Охрид. Мислам дека овој спот заслужува да биде пуштан рамо до рамо со спотовите на МТV и VH1", вели легендарниот Чола и додаде дека денеска му е роденден, но нема да има голема журка, ќе се одмора пред концерт, а прославата ќе биде одложена за по концертот и открива дека планира да го прослави со мало славје со најблиските пријатели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа