Опозицијата без демократски капацитет да ги прифати различните мислења

Оние кои постојано обвинуваат за недемократија, фронтално започнаа со орнување на пратеничката на ЛДП, Роза Топузова-Каревска, која не ги следеше директивите од нејзиниот шеф Андреј Жерновски и лидерот на опозицијата Зоран Заев и одби да даде оставка за освоениот пратенички мандат, анализира Курир.

Топузова-Каревска во изјава за медиумите вели дека останува на ставот дека пратениците се избрани за да работат во Собранието и останува во опозиција за да ги застапува ставовите кои на јавноста веќе и се познати.

-Јас во овој момент не гледам јасна стратегија за тоа што ќе се постигне со поднесувањето на оставките до Собранието од страна на пратениците од опозицискиот блок. Не сум убедена дека дејствувањето надвор од институциите на системот ќе биде соодветен одговор во борбата за демократија. Мислам дека местото на народните избраници е во Собранието, каде што треба да ги застапуваат интересите на граѓаните кои ги избрале. Истото го мислев и во 2011 година кога поголемиот дел од опозициските пратеници предводени од СДСМ решија да го бојкотираат парламентот, а ЛДП, која во тој период беше опозициска партија, но настапуваше самостојно, одлучи да остане во собраниските клупи , вели Каревска за Утрински

Веднаш по одлуката на Каревска да остане во Собранието и да не ги послуша наредбите од Жерновски и Заев, СДСМ и ЛДП започнаа директен атак врз пратеничката само поради тоа што не го оправда и не го прифати чинот на враќање на мандатите и го оцени како штетен за државата.

До вчера, Топузова-Каревска беше најдобар политичар за лидерот  на ЛДП и градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, а веднаш откако се одлучи да остане во Собранието, либерал-демократите преку партиско соопштени жестоко ја нападнаа, порачувајќи и дека извршила “политичко самоубиство“.

-Тој нејзин личен избор претставува политичко самоубиство, бидејќи знаеме како и каде завршуваат сличните примери. Секој сам одлучува како ќе ја започне и како ќе ја заврши својата кариера, пишува во соопштението на ЛДП.

Покрај ЛДП, жестоко по Топузова-Каревска удрија и медиумите кои се под контрола на најголемата опзоициска партија и директно потпомогнати од Фондацијата Сорос. Истите тие медиуми кои до вчера ја фалеа Топузова-Каревска, сега се обидуваат да ја оцрнат, пласирајќи информации дека нејзиниот сопруг, доктор Петар Топузовски пред десетина дена бил наводно именуван за директор на Прилепската болница.

Подлите напади кон пратеничката продолжија и денеска, откако Жерновски порача дека таа не може да ги застапува интересите на партијата како пратеник во Собранието и останувала сама во Парламентот.

-Во Парламентот ќе настапува независно од партиските одлуки, во иднина ќе се застапува самата себе, вели лидерот на ЛДП.

Сето ова говори за недостиг на демократија и за немање на капацитет на опозицијата на демократски начин да ги прифати различните мислења. Иронично е тоа што токму оние кои постојано обвинуваат за недемократија и режим, започнуваат жестоко да ги напаѓаат своите довчерашни истомисленици поради тоа што самостојно донесле одлука.

 

 

29.05.2014 - 19:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа