ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата нема морално право да зборува за криминал

 

ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на денешното соопштение на СДСМ наведува дека оваа партија е последната која има морално право да зборува за криминал. 

- СДСМ зборуваат за правен систем, а на чело на партијата им стои човек кој одбра и прифати да биде аболиран од сериозно обвинение за криминал тежок осум милиони евра, бидејќи беше свесен дека ако на тој начин не биде аболиран од Бранко Црвенковски, за стореното дело ќе одговара, се истакнува во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека на чело на СДСМ, како што се вели, стои човек чии единствени вредности се тендерите и општинските пари да ги распределува на роднини и партиски соработници. 

29.05.2014 - 15:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега