ОН пред 24 години предупредиле: Ќе има големи поплави на Балканот

Циклонот „Тамара“ кој два дена без престан врнеше над Балканот, не е „инцидент“ на климата, туку природно однесување на природата. За него ОН предупредиле пред 24 години.

-Метеоролозите, релативно добро ја прогнозираа појавата на циклонот, дека тој ќе донесе обилни врнежи, но никој не се осуди да предвиди дека ќе биде екстремно, бидејќи за тоа немаше параметри. Тоа не е работа на оние кои се дежурни за временската прогноза. Ние грешката ја направивме уште во 1990 година, изјавил професорот Младен Чуриќ.

Организацијата на обединетите нации, врз основа на 30 годишно изтражување соопштиле дека најголемата опасност по животот и имотот на граѓаните не претставуваат војните, атомските бомби, туку атмосферските непогоди, од кои 10% им припаѓаат на земјотресите и вулканите, а дури 90% на силните цикони, урагани, торнада, снежни бури, поплави, топлотни бранови и слично.

29.05.2014 - 15:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега