Се судрил со автомобил, излетал од патот и прегазил брат и сестра

Уште една страотна несреќа во Србија. Овој пат во Крагуевац, 20-годишниот А.В. и неговата сестра, 13-годишната А.В. се повредени во страотна сообраќајка која се случила вчера околу 20 часот и 40 минути.

До несреќата дошло кога автомобил марка Опел, се судрил со друг Опел, излетал од коловозот и удрил во братот и сестричката. Момчето во болница е примено со повреда на главата, без свест, а девојчето имало бројни повреди по телото.

Кога се случила несреќата, не работеле семафорите.

29.05.2014 - 14:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега