Сара Мејс по "Врне врне" сними песна за убав ден

 

Хитот на Сара Мејс, „Врне, врне“, последниве неколку недели беше најкоментирана песна,по поројните дождови, па затоа таа се реши да направи песна за убав ден.

-Снимив една весела песна за на „Макфест" и едвај чекам да и ја презентирам на јавноста. Станува збор за песна во која се пее за еден убав ден. После „Врне, врне", еве нешто поживо од мене што носи сончева порака, низ насмевка коментира младата пејачка, која се потпишува како комплетен автор на песната, пренесува Вечер.

Сара најавува и нов албум, кој вели дека напорно го подготвува.

29.05.2014 - 14:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега