Родители внимавајте: Нова смртоносна дрога
Се појави нова дрога на пазарот. Се работи за облик на кристал во розова боја со име „Брза јагода“ или „Јагода мет“, која е подвид на метамфетамин.
Иако оваа дрога сè уште не е појавена на нашите простори, социјалните мрежи се преплавени со предупредувања, кои никако не смееме да ги занемариме.
Драги родители, ве молам да го споделите овој статус! Се појави нова дрога која ја делат дилерите низ училиштата, најмногу во Германија, но многу брзо ќе стигне и кај нас. Се вика „Брза јагода“ или „Јагода мет“. Мириса на јагоди, а изгледа како гумени желе бонбони. Достапна е и во други вкусови, како што е чоколадото. Предупредете ги вашите деца ништо да не земаат од други. Дрогата е кристал мет со вкус на јагода и може да ги убие. Тоа дефинитивно е еден од најлошиот и најкраткиот пат до смрт. Ве молиме, да ја ширите оваа вест, па сите родители и деца на време да бидат предупредени. Ви благодарам – е една од пораките која кружи на социјалните мрежи.
Инаку, кристал мет спаѓа во синтетичките дроги и е се попопуларна во Европа и САД. Бројот на корисниците и зависниците од оваа дрога секоја година се зголемува, а надлежните органи се немоќни да го спречат ширењето.
Во земјите во кои е распространет кристалот се смета за кокаин на сиромашните. Кога се зема подолго време доаѓа до големи органски и ментални нарушувања. Овој прав, личи на ситни кристали (поради што се нарекува и ice – лед), се конзумира орално, преку шмркање, пушење па дури и преку шприц. Процесот на производството е едноставен, а кога се зема, силно активира одредени мозочни клетки. Кај корисниците се развива силна физичка и психичка зависност.
Дрогата се произведува во домашни лаборатории, а еден грам чини околу 70 евра. Многу поопасна од кокаин и хероин, бидејќи делува погубно на мозокот и на централниот нервен систем. Корисникот почнува физички да пропаѓа, добива егземи и пликови по цело тело, а голем број од нив заболуваат од СИДА.
Веднаш по престанувањето на дејството на дрогата, кај корисниците се јавува чувство на исцрпност, депресија, раздразливост и параноја. Во долгорочни последици се вбројуваат екстремна анорексија, оштетување на крвните садови на мозокот, респираторни проблеми и неправилно куцање на срцето кое може да резултира со смрт. Некои од симптомите кај личноста која зема дрога се раздразливоста, бесмисленото зборување, лоша координација на покретите и потребата за течност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа