Додека Ладата е на ремонт - СДСМ дели закани
Опозициската СДСМ дели закани и етикетира експерти поради тоа што не се согласуваат со нивните партиски ставови. Полседниот испад на опозицијата дојде во денешното соопштение кога го нападнаа Ивица Боцевски биејќи вчера гостувал во вестите на Сител и изнел ставови кои не и се допаѓаат на централата на Бихаќка.
„Никола Груевски, вчера, преку еден од неговите инструирани експерти, дури отиде чекор понатаму во режимското практикување на власта, токму на денот кога опозицијата покажа единственост за невлегување во Парламентот, поради криминалните избори.
Груевски, преку Ивица Боцевски, се обиде да се закани на опозицијата, дека ќе го употреби Јавното обвинителство ако проработи Парламентот во сенка, што како можност го најавува опозицијата.
СДСМ му порачува на Никола Груевски веднаш да престане со смешните закани, затоа што повеќе никој не му се плаши.
Доколку опозицијата донесе таква одлука, Парламент во сенка ќе функционира, сакал Никола Груевски или не“ - стои во соопштението на СДСМ
Интересно е што опозицијата вакви форми на отпор најавува секоја година откако се во опозицијата. Максимумот е стотина луѓе на улиците и блокада на сообраќајот во главниот град. Партиски извори коментираат дека по заминувањето на Стевчо Јакимовски од партијата, СДСМ остана без никаква база во Скопје и сега Заев доколку сака протести по улиците, ќе мора да носи луѓе со автомбуси од Струмица.
Истите извори велат дека токму затоа, СДСМ се до овој момент останува само на закани и најави дека ќе формира разни форми на отпор.
За потсетување, опозицијата за последните избори најави дека конечно, по 20 години ќе ја напише првата партиска програма. Сепак, пред граѓаните се појави со стотина страници расфрлани проекти за кои немаше ниту буџет, ниту рок за нино комплетирање.
Резултатот за ваквата политика на опозицијата дојде на изборите. СДСМ беше катастрофално поразен и во двата изборни круга, а на парламентарните избори отиде над 200.000 гласови во негатива, втор најлош резултат во партиската историја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа