Му се заканува отказ бидејќи неговата сопруга се сликала за Плејбој

Лаурентио Регекампф потпиша договор вреден 2,5 милиони долари за да биде тренер на клубот Ал Хилал во Саудиска Арабија. Но, откако неговата сопруга Ана Марија Продан се фотографираше гола  за Плејбој на Лаурентио му се заканува отказ.

Социјалните мрежи буквално се „запалија“ со пораки упатени до сопругата на тренерот од обожавателите на Ал Хилал.

- Ако тренерот не е способен да си ја контролира сопругата, како ќе ги контролира играчите - пишува на Твитер еден од фановите на клубот.

28.05.2014 - 19:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега