Жерновски до Каревска: Розо моја, тешко ми е и со тебе и без тебе

Либерал-демократите се разочарани од постапката на Роза Топузовска Каревска да постапи по лично убедување, а не по партиски директиви. 

„Чекорот на Роза Топузова Каревска да не го почитува партискиот став и да влезе во ваков нелегитимен Парламент е разочарувачки и доаѓа во исклучително критичен момент за судбината на Република Македонија.

 

Тој нејзин личен избор претставува политичко самоубиство, бидејќи знаеме како и каде завршуваат сличните примери. Точно е дека битката треба се води во институциите, но само тогаш кога тие функционираат во демократски амбиент. Оттаму, опозицијата не смее да биде само декор или алиби на овој режим. Вратата на ЛДП е отворена за сите, и секој со своите потези одлучува кога ќе влезе или излезе. Секој сам одлучува како ќе ја започне и како ќе ја заврши својата кариера.“ -стои во соопштението од партијата.

Каревска денеска објаи дека останува во парламентот и покрај одлуката на опозицијата да поднесе оставки.

28.05.2014 - 16:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега