Преполн автобус се заби во зграда - хорор на улиците во Србија

Уште една страотна сообраќајна несреќа ја потресе Србија. Откако пред неколку дена загина тричлено семејство, откако братот се обиде со својот автомобил да го претица автомобилот на сестра си, а потоа во неделата починаа и тројца братучеди кои се движеле со огромна брзина враќајки се од роденден, сега уште еден хорор можеше да се види на улиците во Србија.

Утрово автобус на "Беобус" се заби во зграда. Како што пренесува Блиц, очевидците велат дека автобусот ненадејно загубил контрола и удрил во зграда, додека бил преполн со патници. Цела среќа во несреќниот настан е што никој од патницитекои се наоѓале во автобусот не е повреден.

Автобусот бил исправен, а тоа го покажал и последниот технички преглед.

28.05.2014 - 16:17
Фото: 
блиц
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега