Ја осудиле на смртна казна зошто родила девојче

 

Суданка која чека на смртна казна, откако е осудена дека ја напуштила својата вера, родила девојче во затворот во близина на главниот град Картум, изјави нејзиниот адвокат.

Нејзе и е дозволено да се грижи за бебето две години пред извршувањето на пресудата.

Таа беше осудена пред шеријатскиот суд, бидејќи нејзиниот татко е муслиман. Судан има мнозинско муслиманско население, управувано од исламските закони.

Ибрахим исто така беше осудена и за прељуба поради тоа што нејзиниот брак со христијанин од Јужен Судан е неважечки според суданската верзија на исламскиот закон, во кој се наведува дека муслиманските жени не можат да се омажи за немуслиманите.

Судијата поради тоа ја осуди на 100 удари со камшик, кои, наводно, ќе бидат извршени кога таа ќе се опорави од породувањето.

 

28.05.2014 - 14:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега