ФОТО: Оваа крофна чини 1000 фунти- еве зошто
Украсена со позлатени лисја одозгора има цвет од белгиско чоколадо, посипано со злато и јадливи дијаманти- можеби ќе ви звучи чудно но станува збор за крофна и тоа не обична туку најскапата крофна во светот. Компанијата за производство на крофни Krispy Kreme ја претстави најскапата крофна во светот во вредност од 1000 фунти во Велика Британија. Слаткото искушение е создадено по повод националната недела на крофна – добротворна иницијатива за прибирање средства за британските деца.
Правењето на крофната трае 3 дена. Дел од состојките се желе со малина од шампањ и крем од специјално француско вино. Завршетокот е од овошна глазура, посеан со јадливо 23-каратно злато. Крофната е украсена со лотос боја, мали цветови, гранчиња бршлен и бело белгиско чоколадо. Сето ова е посеано со јадливи дијаманти. Кремот на крофните е од овошен сируп, 500-годишен коњак и шампањ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа