Стружанец се здивел и претепал полицаец

Стружанец си заработи кривична пријава за напад врз службено лице. Според податоците од полицијата, се работи за 38-годишниот З.Ѓ. кој во текот на вчерашниот ден манифестирал агресивно однесување и на висок тон почнал да навредува а потоа и физички нападнал полициски службеник кој на раскрсницата на магистралниот пат према граничниот премин Ќафасан вршел физичко регулирање на сообраќајот.

Пријавениот З.Ѓ. е лице против кого досега се поднесувани кривични пријави за кривични дела против правниот сообраќај за што му е изречена тримесечна затворска казна.

28.05.2014 - 13:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега