ВИДЕО: Во Доњецк воведен полициски час
Лидерите на самопрогласената Народна република Доњецк воведоа полициски час од 22 часот попладне до 6 часот наутро, по локално време, соопшти прес-службата на републиката.
Полицискиот час се воведува поради моменталната ситуација во градот и антитерористичките акции што ги спроведуваат украинските безбедносни сили.
Граѓаните ќе мора во секој момент со себе да имаат лични документи, а лидерите на Народна република Доњецк бараат од луѓето да не ги оставаат возилата на улиците околу зградата на административната управа, наведува Гласот на Русија.
Бројот на загинати во нападот на украинските безбедносни сили, што почна во понеделникот во Доњецк, би можел да достигне 100 лица, тврди Денис Пушилин, претседател на Врховниот совет на самопрогласената Народна република Доњецк, пренесува ИТАР-ТАСС.
Тој истакна дека меѓу жртвите има околу 50 цивили.
Украинските безбедносни сили се борат со проруски активисти во Доњецк, а киевските власти соопштија дека воената офанзива ќе продолжи се додека ниту еден терорист нема да остане на украинска територија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа