Заев има „план“: Груевски ќе го смениме со долги говори
Се поизвесно е дека опозициските пратеници ќе се откажат од добиената доверба од граѓаните на предвремените парламентарни избори и ќе достават оставки до Парламентот, а Зоран Заев во изјави за дел од медиумите блиски до СДСМ веќе почна да ги најавува следните чекори на опозицијата.
На денешната насловна страна на весникот „Слободен печат“ на Бранко Героски, може да се прочита дека опозицијата ги најавила плановите за дејствување и дека лидерот на партијата подготвувал дебати без временско ограничување.
Ваквата идеја на деструктивна политика и вонинституционално дејствување на Заев се пресликува со политиката на бојкот која ја водеше неговиот претходник Бранко Црвенковски пред локалните избори во 2013 година, а која политика токму Заев тогаш не ја поддржа, а сега се обидува да ја практикува истата.
Заев во изјавата за „Слободен печат“ вели дека ќе се организирале дебати на кои докажани експерти во своите области ќе зборувале за проблемите, мерките и за решенијата што требало да се преземат за надминување на сегашните состојби, во секоја област поединечно, и потeнцира дека тоа ќе била голема дискусија без временско ограничување.
Ова значи дека во периодот кој следи СДСМ ќе органзиира дебати со истите тие “докажани“ експерти кои за време на “отпорот“ на Бранко Црвенковски се качуваа на фамозната „Лада нива“ и држеа говори. Истите тие, сега Заев планира да ги искористи во дебатите кои ги најавува за продолжувањето на политиката на бојкот која ја започна Црвенковски, а неговиот наследник ја продолжува.
Според познавачите, ваквите очајни чекори покажуваат дека оригиналноста и креативноста во СДСМ се одамна мртви, па она што сега Заев планира да го изведе со неприфаќањето на пратеничките мандати е само копија на политиките на неговиот претходник, кои граѓаните ги казнија и на локалните избори и на предвремените парламентарни избори.
Упатените сметаат дека е смешна и дејата на раководството на СДСМ дека со долги говори и дебати на кои ќе говорат таканаречени експерти ќе успеаат да ја добијат довербата од граѓаните, бидејќи народот во повеќе наврати им укажа дека деструктини политики кои ќе бидат на штета на државните интереси се неприфатливи.
Организирањето на безвременски дебати во стилот на Црвенковски покажува дека Заев очигледно нема никаков план, освен идејата која ја одработува за некого да ги руши позициите на Македонија. Експертите посочуваат дека ваквото однесување на опозицијата е со цел да се привлече вниманието и интересот на странската јавност, но посочуваат дека социјалдемократите ќе се изненадат кога ќе увидат дека странскиот фактор нема да покаже никаков интерес за политиката која ја застапуваат и никој нема да им обрне внимание.
Манипулациите со членството дека странскиот фактор ќе им помогнел во нивната идеја за рушење на власта не се нешто ново во опозициските редови. Меѓународните претставници со ниту една изјава не дадоа до знаење дека ја поддржуваат ваквата политика на СДСМ и бројни европски политичари упатија апел до СДСМ да се врати во Парламентот и да дејствува во рамки на институциите. Сето ова покажува дека се неточни тврдењата на раководството на СДСМ дека странците ќе направеле притисок врз владејачката партија и дека ваквите тврдења служат само за залажување на членството кое е се’ поизревилтирано од неможноста на раководството да ја консолидира партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа