ВМРО-ДПМНЕ: Избори ќе има но за 4 години

Ќе има избори но за 4 години. Откако Заев, убедувајќи ги своите пратеници да поднесат оставки, бидјеќи следните избори ќе бидат за 6 месеци, извори од владејчката партија велат дека се подготвени да работат без опозиција, доколку пратениците на СДСМ вистински се решени да поднесат оставки.

Избори ке има за 4 години, а ВМРО-ДПМЕ е подготвено да си го тера мандатот без опозиција во Парламентот, потврдуваат извори владејачката партија. Доколку пратениците на СДСМ денеска навистина поднесат оставки како што е најавено, убедени од тврдењата на Заев дека за шест месеци пак ќе има избори, тогаш лидерот на СДСМ за 4 години ќе треба да им одговори на оние кои сега лажно ги убедува во ваквото тврдење, за да ја спроведе својата идеја пратениците да не бидат во Парламентот и да ја застапуваат политиката на бојкот, која не им донесе никаков резултат во минатото и направи голема штета на државата.

28.05.2014 - 10:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега