Мини торнадо го погоди Ваљево, невреме во Шабац

Големо невреме со појава на ситен град, вчера околу 15.30 часот, го зафати и Ваљево. Невремето не го одмина ни Шабац.

Стрелците на Противградниот центар дејствуваа и исфрлија околу стотина ракети.

Се уште нема информации за материјалните штети од град, но мини торнадото кое ги зафати Ваљевските села Котесица и Гола Глава оштети неколку покриви на куќи.

Во Ваљево после разбивањето на облаците, градските улици биле поплавени, а на некои од нив, сообраќајот бил во застој. За сега не се заканува излевање на реката Колубара и нејзините притоки.

Околу 16 часот јак ветар пропратен со дожд срушил топола кај железничкиот мост во Шабац.

Дрвото оштетилo дел од кровот на капелата Света Петка, а поголема штета спречила бетонската конструкција.

Разбиени се гредите, плочки и е оштетен дел од оградата. 

28.05.2014 - 09:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега