Албанските пратеници се степаа во парламентот

Физичка преметка се случи вчера попладне во албанскиот Парламент меѓу пратеникот Армандо Пренга од владејачката Социјалистичка и Гент Стразимери од опозициската Демократска партија.

Нивата вербална распаравија за време на работата на Законодавната комисија продолжила и во собранискиот ходник, во која се вклучиле уште неколку пратеници за да ја смират ситуацијата. Сепак за да се смири истата морале да интревенираат припадниците на Националната гарда.

- Се почна кога Стазимири иронично се  обрати до пратениците од власта зошто не одат да контролираат во Високиот совет за правда како што тоа го сториле во албанската тајна служба, ШИШ. Настана жестока расправија, по која беше дадена пауза, но двајцата продолжија и дојде до физичка пресметка, изјавија други членови на комисијата.

Армандо Пренга, пратеник од ИЕ Лежа, е познат и по претходното слично однесување, кога имаше пресметка и со пратеникот Еди Палока.

Физичката пресметка не е нешто ново за албанскиот законодавен дом. Во свежо сеќавање се уште потешки инциденти, посебно оној што се случи во 1997 година кога во собранискиот ходник со неколку истрели од пиштол беше ранет демократот Азем Хајдари, кој една година потоа беше убиен пред седиштето на партијата.

Глетка за осуда беше онаа пред шест години кога сега актуелниот спикер на парламентот, лидерот на Движењето за социјалистичка интеграција, Илир Мета, сакаше физички да се пресмета со тогашната претседателка на парламентот Јозефина Топали, но за сламка ја спаси обезбедувањето.

28.05.2014 - 09:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа