Србија, Хрватска и Република Српска заедно во борбата против заразните болести по поплавите

Министрите за здравство на Србија, Хрватска и Република Српска, Златибор Лончар, Рајко Остојиќ и Драган Богдановиќ денеска договорија заедничка стратегија за борба против опасности од заразни болести кои се закануваат по поплавите, и со која ќе настапат пред ЕУ и Светската здравствена организација (СЗО).

На состанокот во сремското село Моровиќ министрите се договориле сите институции во регионот да се стават во функција на заедничко дејствување, со цел пред ЕУ и СЗО да не се излегува со различни ставови и барања.

Лончар нагласи дека комуникацијата меѓу министерствата за здравство во регионот е интензивна веќе неколку дена, а денеска се сретнале за да ги конкретизираат претходните договори.

Хрватскиот министер потврди дека неколку дена траат секојдневните телефонски контакти меѓу Министерствата и постигнат е апсолутен консензус дека истовременото запрашување од воздух е потребно бидејќи станува збор за површина поголема од 100.000 хектари.

Богдановиќ истакна дека најтешка е ситуацијата на подрачјето на Шамац, но нагласи дека во Република Српска досега не се регистрирани појави на заразни болести. 

28.05.2014 - 09:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа