Обама му ја честиташе победата на новиот украински претседател

Американскиот претседател Барак Обама денеска разговараше со Петро Порошенко за да му ја честита победата на неделните претседателски избори и да му ја изрази целосната поддршка на САД, соопшти Белата куќа.

Претседателот потенцирал колку е важно во Украина да се изведат неопходните реформи за земјата повторно да се обедини, да се развие животно важната економија, да се создаде привлечна бизнис клима за инвеститорите и да се формира одговорна Влада која ќе одговори на очекувањата и ќе ја земе предвид загриженоста на сите Украинци, се наведува во коминикето на Белата куќа.

27.05.2014 - 20:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега