Жестока кавга во СДСМ: Пратениците утре во 13 часот ќе ги поднесат оставките?

Голема кавга во опозициските редови за тоа дали треба да се поднесат оставки за освоените пратенички мандати. Алфа повикувајќи се на неофицијални извори, објави дека пратениците на СДСМ утре околу 13 часот ќе ги поднесат оставките.

Телевизија Алфа тукушто објави дека денеска во седиштето на СДСМ имало состанок на кој присуствувале лидерот на партијата Зоран Заев, првиот човек на ЛДП, Андреј Жерновски претседателот на НСДП Тито Петковски и сите пратеници кои добија доверба на парламентарните избори.

Како што јавува Алфа, неофицијално на средбата имало кавга за тоа дали треба да се поднесат оставки, Жерновски воглавно молчел за време на средбата, додека Петковски и Заев биле за оставки. На крајот, Заев со викање ја завршил кавгата и побарал утре сите околу 13 часот да ги депонираат оставките во Собранието. 

Алфа пренесува дека голем дел од пратениците имале отпор кон ваквата одлука и се уште не знаат дали ќе прифатат да поднесат оставки. Тие барале да заседава Централниот одбор на партијата пред да биде донесена одлуката.

27.05.2014 - 19:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега