ВИДЕО: Погледнете ја реакцијата на жителите од Обреновец кои од хотелот Славија се префрлени во бараките во Крњача

Околу 400 раселени жители од Обреновец кои беа сместени во хотелот „Славија“ се иселени од овој приватен центар и префрлени во бараките во Крњач. Меѓу раселените има и семејства со бебиња, трудници, стари и болни. Кога стигнале во Крњач не можеле да веруваат што ги снашло.

„Попрво би се вратил во Обреновец, каде не ми остана ништо, отколку да седам во оваа катастрофа!“, вели една жителка од Обреновец. Кога пристигна и последниот автобус, настанл вистински хаос. Луѓето од смрдеата од фекалиите не можеле да зборуваат, а кога влегле во собите од мака почнале да плачат. 

Како сликата зборува повеќе од 1000 зборови, можете да погледнете каде се сместени жителите од Обреновец. 

 

 

27.05.2014 - 19:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега