Поплавите во соседството нема да и наштетат на македонската економија

Славе Ристески професорот на Економскиот факултет преку изјавата за телеграф. мк ја смири јавноста говорејќи дека елементарните непогоди во соседството нема економски негативно да влијаат на нашата земја.

Дека нема да има забавување на порастот на домашната еконимија, посочуваат и изјавите на директорката на Светска банка за Југоисточна Европа, Елен Голдстен, кои дојдоа по коментарите во јавноста дека поплавите во Србија, Босна и Хрватска ќе предизвикаат во следните шест месеци, намален економски пораст во регионот, и проблеми со снабдувањето со електрична енергија.

Колега на Ристески исто од Економскиот факултет Ристески вели дека како инпут струјата може да има некое влијание, но нема да се почувствуа врз порастот на македонската економија.

 „Статистички гледано, Србија повќее не и е толку значаен трговски партнер на Македонија како порано. Сега повеќе тргуваме со Германија и земјите од ЕУ, па оттука нема да има забавување во економијата“, вели Ристески за Телеграф.мк.

27.05.2014 - 18:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега