Николиќ: Косовскиот преседан отвори нови жаришта

Српскиот претседател Томислав Николиќ  денеска оцени дека со „косовскиот преседан“ започнала ера на недоследна примена на меѓународното право и се отворени нови кризни жаришта, при што порача дека Србија очекува во нејзиниот случај да се применува еднаква правда, како и за останатите.

- Во нашиот случај имаше парадокс и направен е преседан за кој тврдеа дека не се смета за преседан. Потоа се случи Крим, кога властите и народот на Крим, прогласувајќи независност, се повикаа на познатиот косовски преседан кој западните земји самите го создадоа, истакна Николиќ во обраќање на седница на Советот за безбедност на ОН. 

Тој констатира дека очигледно е потребно да се смисли нов збор, кој ќе означува „преседан, кој не е преседан“, што е спротивно на логиката и почитувањето на меѓународните правила.

Според него, Србија секогаш почитувала и без исклучок го почитува територијалниот интегритет на секоја држава-членка на ОН, додавајќи дека „силата без правда е за осуда“.

Николиќ потенцира дека Србија не го признава „едностраното прогласување независност на Косово“, но преговара и ќе преговара со Приштина со желба на сите косовски граѓани да им обезбеди мир и просперитет.

27.05.2014 - 18:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега