Тодоров најави „Систуациска соба“ за заштита од климатските промени

Во Македонија наскоро ќе биде формирана „Ситуациска соба“ која ќе има задача во услови на криза да ја има главната улога на организирање, координирање и превземање на конкретни здравствени мерки. 

За ваквиот систем кој ќе има за задача на многу подобар и поефикасен начин од централно ниво да ги собира податоците и да ги анализира а подоцна да да ва конкретни задолженија за постапување во определени кризни сиутации информираше министерот за здравство Никола Тодоров на работилница посветена на Стратегијата за здравје и благосостојба 2020 на Светската здравествена организација. 

-Има доста искуства за креирање на вакви „ситуациски соби“ на СЗО кои што ќе ги искористиме во Р.М за креирање на ваква „ситуациска соба“. Која што на еден начин ќе се справува во точно определно време со било каков здравствен предизвик, истакна Тодоров.

Тој посочи дека наскоро во Македонија ќе може да се објави дека е креиран еден ваков систем кој што е централизиран на врвот и кој што ќе може на многу подобар начин од централно ниво да ги собира сите податоци да ја следи целата состојба и да дава конкретни задолженија за постапување во определани кризни ситуции.

Од СЗО предупредуваат дека поради климатските промени се појавија многу заразни болести кои не се својствени за регионот.

-Климатските промени го зафатија не само делот на Медитеранот туку и посеверно и резултираа со појава на одредени заразни болести кои што не се ендемични за регионот и СЗО во тој контекст соработува со Канцеларијата за источниот Медитеран во однос на следењето на состојбите, значи да се превземат мерки во соодветен период. Најзастапени се западно-нилска треска, маларија и многу други болести кои моментално се појавија во Грција, јужна Италија, јужна Шпанија. И сметам дека и во иднина ќе слушаме за нив, истакна Агис Цурос од СЗО.

Цурос упати честитки за здравствените иницијативи и реформи на Министерството.

- Здравјето и здравството се високо на агендата на Владата, почнувајќи од премиерот, другите ресори и на Министерството за здравство и министерот. Здравјето е предуслов за социо-економски развој. Денес започнуваме со процесот на изработка на стратегија и оперативен план кои ќе бидат усогласени со европската политика за здравје и добросостојба 2020 година кои ќе овозможат да се остварат целите во областа на здравјето, рече Цурос.

Министерот Тодоров истакна дека со Светската здравствена организација и досега имале години наназад одлична соработка која овозможува постојана имплементација на реформи во здравството во Р.М и унапредување на здравствениот сектор.

27.05.2014 - 17:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега