Оние од СДСМ кои ја добија довербата од граѓаните сега бараат од Заев гаранција дека ќе се најдат на листите за следните избори

Оние пратеници од СДСМ кои ја добија довербата од граѓаните на изминатите избори, сега бараат од лидерот Заев гаранција за пратеничко место на следните избори кои што ќе се одржат, односно со сигурност истите да се најдат на листите на СДСМ. пренесува Курир од извори од Бихаќка.

Ваквата ситуација следуваше откако Зоран Заев и раководството на СДСМ се одлучија за повлекување од Парламентот и барање за избори кои би ги спровела некаква техничка влада.

За Курир извори од најголемата опозициска партија брифираат дека Заев одговорил негативно, по што дел од актуелните пратеници се нашле и лично засегнати.

Дел од пратениците сметаат дека ваквата одлука е некоректна поради тоа што тие вложиле многу труд и енергија и им ветиле на нивните избирачи дека максимално ќе ги застапуваат во Собранието. 

Дел од нив пак посочиле дека на државата со неотстапувањето од деструктивната политка и повлекувањето од Парламентот може да и се случи губење на кандидатски статус и одземање на препораката за почеток на преговори со Европската унија, што би бил лош сигнал и тогаш вината би паднала врз опозицијата, нешто со што раководството на СДСМ не може да се соочи.

Токму на ова предупредуваат и експертите, кои посочуваат дека ваквото однесување на опозицијата е со цел да се привлече вниманието и интересот на странската јавност. Купувањето внатрепартиски мир по неприфаќањето на мандатите може да има несогледливи последици врз меѓународниот имиџ на државата, па дури и одземање на пет пати потврдената препорака на Европската комисија.

-Целово ова сценарио на СДСМ, одолговлекување преку правни  механизми, воведување на правото и злоупотребување на правото за политички цели има за цел да ја дестабилизира политички Република Македонија со цел потоа да се седне на преговарачка маса повторно со инволвирање на странски фактор и да се дојде до некое прифатливо решение. Милам дека целата оваа вештачки исконструирана политичка криза не и е потребана на Македонија, бидеќи во неколку извештаи наназад на Европската Комисија е констатирано дека  Република Македонија има функционални институции и дека има нормален демократски систем и дека се може да се решава во рамките на институциите на системот. Нормално, доколку постои политичка волја, смета професорката по Уставно право Тања Каракамишева-Јовановска.

Таа додава дека никого не можеш на сила да внесеш во Собрание, на сила да внесеш во преговарачки состојби и тоа е она што опозицијата треба да го разбере, дека  таа е таа која што нема конструктивност во своето политичко делување. Опозицијата е таа која што не сака оваа работа да се реши  на мирен и ефикасен начин се со цел да продолжи демократскиот развој на државата.

27.05.2014 - 17:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега