Во Велс годинава САД ќе притисне за влез на Македонија во НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со Лук Кофи експертот за транс-атлантски односи и безбедност во Фондацијата „Херитиџ“ од Вашингтон.

И двајцата разговараа за прашањата за проширувањето на НАТО, тема на која било нагласено за очекуваната поддршка од страна на САД за влезот на Македонија во алијансата на Самитот кој што се очекува да се одржи во септември годинава во Обединетото Кралство во Велс.

Кофи бил информиран од Попоски за актуелните внатрешно политички економски процеси и залагањата на Владата за реформите и приоритетите за членството во Алијансата и ЕУ. 

27.05.2014 - 17:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа