Пономаров во Славјанск предложи евакуација на сите жители од градот
Лидерот на „народното самоопределување“ во Славјанск, Вјачеслав Пономаров предложи од овој источен украински град да бидат евакуирани сите жители, јави ИТАР-ТАСС.
- Ние денеска предложивме да се подготви евакуација на децата и возрасните, кои сакаат да го напуштат градот, рече сепаратистичкиот лидер на Славјанск.
Според Пономаров, жителите на Славјанск можат да бидат преместени во други реони, вклучувајќи ги Свјатогорск и Брусино.
Шефот на Врховниот совет на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Денис Пушилин, претходно рече дека бројот на жртвите на воената операција на украинската армија, чија активна фаза почна вчера, може да достигне и до 100 лица, меѓу кои „од 20 до 50 се мирни жители“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа