Може ли да опстане врската ако сексот е лош?

Понекогаш се случува двојките да имаат одлична врска и да се согласуваат во многу работи, но сексот им е ужасен. Дали врската може да да опстане без добар секс? 

За да ја задржите близината со партнерот и романтиката во врската, многу е важно да имате квалитетен секс. Ако сексот во вашата врска е лош, не морате веднаш да ја раскинувате врската. Доволно е малку труд за да се вратите на вистинскиот пат и да останете во врска со партнерот.

Често се случува мажот воопшто да не внимава дали неговата партнерка ќе доживее оргазам. Тоа не мора да значи дека тој е себичен, туку можеби е само несигурен по тоа прашање. Ако ова е случај и со вас, покажете му на партнерот дека и на вас ви е важно да дожиевеете оргазам, па кажете му и на кој начин најлесно ќе го постигнете тоа.

Понекогаш се случува сексот во долгите врски да стане здодевен, бидејќи партнерите се плашат да експериментираат. Многу е важно на партерот да му покажете што сакате и дека не се срамите од тоа. Без оглед на тоа колку долго сте во врска, ослободете се од стравот и испробајте нови работи.

Недостигот од секс можеби е едноставно последица од други проблеми што ги имаат партнерите во животот. Можеби сте под стрес, па сексот ви е последна работа на која помислувате.

Ако мислите дека го имате овој вид проблем, потрудете се да разговарате со партнерот и да сфатите во што е проблемот. Можеби сексот не ви е лош, туку и двајцата сте под голем стрес, па не се ни трудите кога се работи за сексот.

27.05.2014 - 15:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега