Милион долари за точна прогноза на Мундијалот
Австралискиот милионер Руслан Коган покрена наградна игра врзана за Светското првенство во Бразил, а главната премија изнесува еден милион долари.
Единствена задача на учесниците во оваа наградна игра е да го погодат точниот поредок на репрезентациите во сите осум групи, но и да погодат по колку бодови ќе освојат селекциите во фазата по групи.
Во наградната игра ќе може да учествуваат само државјаните на Австралија, Нов Зеланд и Англија, а играта ќе трае до 11. јуни, кога почнува Мундијалот.
Доколку никој не го погоди точниот редослед на селекциите, Коган нуди утешна награда. Првите пет со најмногу погодоци ќе заработат по 500 долари, а следните 50 ќе добијат по 50 долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа