Познатиот актер Лазар Ристовски сослушан во нишката полиција

Познатиот актер Лазар Ристовски е соослушан денес во нишката криминалистичка полиција како сведок во случајот М.С. (1973), поранешниот градоначалник на Ниш и В.С. (1960) заменикот на градскиот јавен правобранител, кои денес се уапсени поради постоење сомнеж дека извршиле кривично дело злоупотреба на службената положба.

Во соопштението доставено од полицијата се наведува дека Ристовски е сопственик на приватно претпријатие „Вилин Град“ ДОО и кон него нема поднесена кривична пријава со која се теретат М.С и В.С.

Итринава нишката криминалистичка полиција ги уапси и им одреди мерка притвор од 48 часа на М.С поранешниот градоначалник на Ниш и на В.С. заменикот на јавниот правобранител поради сомнеж дека направиле кривично дело, злоупотреба на службената положба, соопшти полицијата.

 М.С. се терети дека извршил кривично дело така што во декември 2011 година ја злоупотребил својата службена положба  и склучил договор со приватно претпријатие кино „Вилин Град“ ДОО Ниш во траење од 15 години, без согласност на дирекцијата за домување.

Осомничениот В:С. Пред потпишувањето на договорот доставил мислење дека ваквиот договор ги исполнува законските услови и дека како таков може да се заклучи, што е спротивно од Законот за јавно домување.

На овој начин осомничените го оштетиле буџетот на градот Ниш за повеќе од 90 милиони динари, се наведува во соопштението.

Осомничените со кривична пријава ќе бидат спроведени до надлежниот суд веднаш по истекот на задржување.

27.05.2014 - 15:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега