Учениците од утре ќе знаат кој ден ќе полагаат екстерно

Од утре во основните и средните училишта каде треба да се спроведе екстерното тестирање ќе бидат објавени имињата на учениците со денот кога ќе полагаат.

Три дена пред тестирањето, учениците ќе бидат информирани кои два предмета ќе ги полагаат.

- Училиштата имаат обврска овие распореди утре пред почетокот на наставата да ги постават на видно место, со цел учениците да се запознаат на која дата ќе полагаат. Распоредите дополнети со предметот кој ќе го полагаат учениците, ќе се објавуваат секој ден, односно три дена пред секое тестирање, истакна министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска на прес-конференција.

Покрај во училиштата, распоредите ќе бидат објавувани и од страна на Државниот испитен центар на веб страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

Со екстерното тестирање ќе бидат опфатени вкупно 189.037 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, како и 18.126 наставници во 680 основни и средни училишта. Тестирањето ќе го следат 638 набљудувачи, а ќе бидат ангажирани и 175 администратори. Активни ќе бидат и инспекторите на Државниот просветен инспекторат, а отворени ќе бидат и кол центрите на Државниот испитен центар. 

27.05.2014 - 14:54
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега