Избегна сигурна смрт- Шарпланинец нападна момче во училишниот двор

11- годишно момче Л.А. ученик во основното училиште Дубрава од Кнежевац , се здоби со тешки телесни повреди, откако вчера во попладневните часови во училишниот двор беше нападнат од  Шарпланинец.

Според неофицијални информации, кучето е во сопственост на еден  претприемач од Кнежевац, кој во дворот на училиштето дошол веднаш откако кучето го искинало ланецот.

- Точно е дека кучето влезе во училишниот двор и нападна ученик од петто одделение но не ги знам деталите за случајот. Се уште чекаме неговите соученици да дојдат во училиште и да раскажат како точно се случил инцидентот. Разговарав со родителите на момчето и тоа веднаш било пренесено во клиничкиот центар во Ниш- вели Драган Петровиќ директор на училиштето.

Според информациите добиени од очевидците детето се обидело со рака да се одбрани од шарпланинецот.

“Беше страшно. За детето избегна сигурна смрт, да беше помало кучето сигурно ќе го совладаше” вели очевидецот.

Момчето се здобило со тешки телесни повреди и веднаш било пренесено во болница и веднаш бил опериран.
- Момчето е оперирано поради големи оштетувања на кожата, и поткожното ткиво. За сега момчето се чувствува добро вели доктор Мирослав Стојановиќ заменик директор на Детската хируршка клиника во Ниш.

 

Поднесена е кривична пријава до сопственикот на шарпланинецот поради загрозување на безбедноста на граѓаните.

27.05.2014 - 14:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега