Македонија ја покажа хуманата страна - еве колку пари се собрани со концертот “Да се обединиме во хуманоста”
За Хуманитарниот концерт “да се обединиме во хуманоста” кој се организираше за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, биле продадени 10 367 карти или собрани се средства од карти во висина од 1 550 050 денари. Од почетокот на хуманитарната акција и отворањето на телефонските линии граѓаните собрале 12 107 980 денари. За време на хуманитарниот концерт од телефонски јавувања се собрани 547 300 илјади денари односно се реализирани 5 473 повици. Од одигурвањето на преставите низ театрите до овој момент се собрани плус 233 787 денари. До сега на сметката на Црвениот крст се уплатени 3 700 000 денари, а Црвениот крст ќе излезе со најнова информација во текот на денот.
На концертот присуствуваа видни музички имиња и настапија познати уметници и артисти. Тамара Тодевска, Калиопи, Каролина Гочева, Тијана Дапчевиќ, Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски, Виолета Томовска... се само дел од имињата на музичките гости кои беадел од големиот хуманитарен концерт. Меѓу присутните беа и премиерот Груевски, а членови на владата меѓу кој министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, Владимир Пешевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Иво ивановски, Спиро Ристовски, Коце Трајановски, Никола Поповски беа дел од оние ги примаа повици за донација за помош на Србија и БиХ. Инаку од Владата на Република Македонија вчера информираа дека денеска е донесена одлука да испрати финансиска помош од 100.000 евра за Хрватска. Македонската Влада, претходно финансиски им излезе во пресрет и на Република Србија и на Босна и Херцеговина, со помош од по 100.000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа