Трагедија: Ми загина цело семејство - се враќаа од кршетвка отидоа во смрт (ФОТО)

Од кршетвка во смрт. Страшна приказна пренесуваатсрпските медиуми поврзана со сообраќајната несреќа која во неделата се случи во Рашка и во која загинаа три лица а уште три се потешко повредени.
Мајка(52) и Татко(59) и нивниот син(32) го загубија животот кога претекнувајќи го автомобилот во кој била нивната ќерка и сестра, се судриле со комби кое доаѓало од спротивнио правец.
„Мајка ми, татко ми и мојот брат беа кај мене на веслеба. Ја крстевме нивната внука. Сите се радувавме тој ден. Беше многу весело. Заминаа радосни, а потоа, мојот брат ми се јави и ми кажа дека сите загинале. Од големо семејство, во кое имав двајца браќа и мајка и татко, останавме без тројца во еден ден. Во шок сум“ - вели ќерката Јелена.

 

Таткото Милорад, мајката Дана и синот Милан загинале на лице место. Повредени се уште 3 лица кои управувале со останатите 2 автомобили кои учествуваа во сообраќајката

27.05.2014 - 12:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа