СДСМ се враќа во Собранието во септември

Социјалдемократите се враќаат во Собранието во септември. Партиски извори за Press24 велат дека ваква информација им била соопштена на советниците кои ги загубија своите мандати во локалните самоуправи. Раководството од нив барало трпение до почетокот на есента, за кога очекуваат старт на преговори со владеачкото мнозинство и враќање во Собранието. Нашите извори велат дека опозицијата ги убедувала своите сега веќе поранешни советнци, дека како што ќе се ближи крајот на летото така ќе се зголемува меѓународниот притисок врз власта, а Груевски ќе мора да се согласи на преговори, бидејќи без СДСМ во Собранието, Македонија ќе ја загуби препораката за старт на преговорите. 
Дека опозицијата игра токму на македонската евроиднина, вчера предупредија и бројни експерти кои велат дека бојкотот на СДСМ најверојатно ќе резултира со губење на препораката за старт на преговорите.

Во меѓувреме, СДСМ купува време и наместо оставки до Собранието, се обдува преку правни комбинаторики во јавноста да остави впечаток дека сака да го напушти ЗАконодавниот дом, иако целта, според извори на Бихаќка е да се изржи до септември. 

27.05.2014 - 12:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега