Путин се изјасни за Кончита- еве што кажа

 

Победничката на овогодинешната Евровизија направи вистински бум со нејзиниот изглед поради кој доби критики од многу јавни личности меќи кои беше и рускиот претседател Владимир Путин. 

Путин за Кончита коментирал на неофицијален разговор на вечера која се одржала во Санкт Петерсбург кој неодамна беше домаќин на економски форим.

Пред своите соговорници рускиот претседател рекол дека е многу либерален и дека Кончита Вурст има право да го живее својот живот како што сака. Тој додал дека е цврст приврзаник на традиционалните вредности.

„Библијата ни говори за два пола – маж и жена – и основната цел на сојузот меѓу нив е да создаваат деца. Луѓето имаат полно право да го живеат својот живот на начин на кој тие сакаат. Но, никако не треба тие да се агресивни или пак, да прават шоу од тоа“, рекол претседателот на Русија.

27.05.2014 - 11:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега