Дарко Илиевски ослабе 16 килограми
Пејачот Дарко Илиевски веќе извесен период е затворен во теретана, каде работи на усовршување на својата линија.
Пејачот кој постојано варира со тежината, во моментов е ослабен дури 16 килограми, а планира до крајот на летото да намали уште толку.
"Вежбам постојано. По два пати на ден одам во теретана и засега сум добар. Ослабев дури 16 килограми, но не се откажувам. Решен сум да се преполовам. Некако периодов качив доста килограми, па еве сега полека се враќам во форма", открива Дарко за Вечер.
Покрај напорните кондициони тренинзи, пејачот се подготвува и за настапот на Макфест каде ќе отпее песна на Лазар Цветковски, со кого соработува неколку години наназад.
"Постојано сум во студио каде работиме на песната со која ќе настапам на Макфест. Песната е предобра и едвај чекам да ја претставам во јавноста. Текстот е на Магдалена Цветковска и мислам дека сите ќе се пронајдат во приказната", изјави Илиевски за Вечер, кој кон почетокот на септември планира да го објави и новиот албум.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа