Прогласена вонредна состојба во Крагуевац- евакуирани 48 лица

Силно невреме проследено со дожд и град вчера го погоди Крагуевац, по што е прогласена вонредна состојба.

За само еден час вчера во Крагуевац наврнале 59 литри дожд на метар квадратен, додека ветерот се движел со брзина од 60 километри на час. Во 20 часот по локално време е прогласена вонредна состојба, а евакуирани се 48 лица.

Сите се згрижени и сместени во Геронтолошкиот центар и на „Шумадија саем“. Има поплавени индустриски објекти и приватни домови.

Најголема штета е предизвикана на инфраструктурата и голем број станбени објекти каде водата достигна и до еден метар.

27.05.2014 - 11:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега