Шесто извлекување на „Фискална во рака-награда без мака“

Шестото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ќе се одржи вечер во 20 часот со директен пренос на Македонската радио телевизија.

Ќе се извлекуваат 150 вредносни ваучери и главна награда автомобил „фолксваген поло“. Неизвлечените коверти, како и пликоата од досегашните извлекувања ќе учествуваат во седмото коло на 30 јуни, кога покрај редовните награди, ќе се додели и стан и деловен простор.

За потсетување, за учество во наградата игра потребно е да се испратат дваесет фискални сметки со најран датум од 15 ноември во стандарден коверт на адреса бул. Гоце Делчев бр. 8, поштенски фах 363, со назнака „За наградна игра Фискална во рака-награда без мака“. Ковертите може да се остават и на пунктовите на Државната лотарија на Македонија лоцирани во Скопје пред продажното место Толлакс и МПМ Пресс кон плоштадот Македонија и во влезот на зградата на МРТ. Низ градовите во државата пред секое извлекување се одвива караван со поставување пункт пред продажно место на Државна лотарија на Македонија. 

27.05.2014 - 10:34
Фото: 
фактор
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега