Објавени податоците за комуникацијата на исчезнатиот малезиски авион

 

Малезиската влада и британската компанија за  сателитски комуникации Inmarsat денеска објавија податоци кои беа  користени за  утврдување на  патувањето на исчезнатиот малезиски авион MH370.  По сите  притисоци од  фамилиите на исчезнатите  патници семејствата на  исчезнатгите  патници соопштија дека  примиле  извештај со податоци кои ги составили Inmarsata и луѓе од  малезиското  цивилно воздухопловство, и дека  ги објавиле на фејсбук страница , пренесува  агенцијата  Ројтерс.

Тие  податоци  содржат 14 делови со податоци од седум управувања  меѓу авионот и сателит. 

За потсетување боингот  777  со 239  патници и  членови на екипажот исчезна на 8 март на лет меѓу Коала  Лумпур и Пекинг.

Се  верува дека  авионот  падна  во Индискиот  Океан, западно од брегот на  Австралија.

27.05.2014 - 10:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега