Хорор го потресе Балканот- мајка со калашников си ја убила својата 15- годишна ќерка

40- годишната Мимоза Кечи од Косово со калашников си ја убила својата 15- годишна ќерка Г.К, па потоа се самоубила.

Како дошло до трагедијата не се знае бидејќи немало сведоци, но се претпоставува дека  причината е тоа што мајката не ја одобрувала врската на нејзината ќерка со едно момче.

Како што информира полицијата, мајката прво ја удрила својата ќерка, а кога таа се обидела да побегне, повторно ја нападнала. Испукала три куршуми, кои биле смртоносни за петнаесетгодишното девојче.  Откако видела дека ќерка и е мртва, напишала проштално писмо, по што се самоубила.

“Се изедовме сами себе си, сега живејте мирно и што подолго“,  се последните зборови, кои ги напишала оваа жена.

27.05.2014 - 10:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега