Половина од Македонците го поддржуваат проектот Скопје 2014 - половина се против

Половина од Македонците се изјасниле позитивно за проектот Скопје 2014 покажува последната анкета на институтот Димитрија Чуповски. Според неа, 45% од граѓаните го подджуваат проектот, наспроти 44,8% кои имаат спротивно мислење. Интересно е дека постои голема поделеност меѓу граѓаните, по ова прашање што се должи пред се на расположението на етничките Албанци кај кои две третини од населението се изјаснило дека не го поддржува овој проект. За одбележување е и фактот дека најголем процент поддржувачи на Скопје 2014 има меѓу граѓаните кои не се од македонскиот или албанскиот етнички блок. 

најчитано сега