САД: Ќе го исклучиме HAARP- повеќе не ни е потребен

 

Според различните тврдења на теоритичарите на завера, САД можат да го употребуваат HAARP за модификација на времето, онеспособување на сателити и контрола на човечкиот ум.

 

Ќе го исклучиме HAARP! Владата на Соединетите Американски Држави соопштила дека овој уред, кој ја проучува атмосферата повеќе не им е потребен.

За потсетување HAARP е воен систем кој го обвинуваат за некои од најголемите природни катастрофи на светот и сега тој ќе биде исклучен, пренесува британскиот Independent.

Теоретичарите на завера тврдат дека САД може да го употребува HAARP за модификација на времето, онеспособување на сателити и контрола на човечкиот ум,.

Овој уред до сега е обвинет за чудни временски непогоди, природни катастрофи и болести како и за индустриски несреќи како на пр. катастрофата која и се случи на Space Shuttle Columbia. Тие истакнуваат патент кој го направил еден од клучните научници кој работел на овој проект пред својата смрт и во кој се наведува дека со помош на HAARP може да се контролира и модификува времето.

HAARP ќе биде исклучен по завршувањето на последниот проект кон средината на јуни, а целиот процес ќе го спроведе уште еден миленик на теоретичарите на заговор - Агенцијата за напредни одбрамбени проекти (DARPA). За функционирање на овој систем годишно се трошат 5 милиони долари, а цената за неговата изградба изнесува 280 милиони долари.

27.05.2014 - 10:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега