Страотна глетка за работниците во Босна- еве што пронашле по поплавите

Институтот за исчезнати лица во БиХ ќе упати барање до Обвинителството на Босна и Херцеговина за ексхумација на подрачјето.

По незапаметените поплави кои ја погодиле Босна и Херцеговина, кај Добој биле пронајдени делови од човеков костур. На брегот на реката Босна работниците ги забележале работниците кои ја санирале електромрежата и ги расчистувале последниците од поплавата.

Портпаролката на Институтот за исчезнати лица во БиХ, Лејла Ченгиќ, објаснила дека водата однела дел од брегот и дека биле забележани човечки посмртни останки, поточно череп и делови од костур,пишува Klix.ba.

Ќе биде упатено барање до Обвинителството на БиХ за ексхумација на тоа подрачје, а до тогаш местото ќе го осигуруваат припадници на ПП Добој.

26.05.2014 - 19:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега