ВИДЕО: Откриена мистеријата на розовото езеро

 

Сигурно помислувате дека ова езеро го има само во бајките но се лажете. Ова езеро е наречено,  „Хилер“ и се наоѓа во Австралија. Ова необично езеро во розова боја е долго околу 600 метри, опкружено е со бела сол и шуми. Тесната лента од песок го дели езерото од длабоките океански води.

Според легендата езерото било откриено во 1802 година од страна на Метју Флиндерс. Група истражувачи во 1950 година ја истражувала причината за чудната боја, но во примероците на водата од езерото не се пронајдени траги од алги, кои најчесто и даваат боја на водата.

Можно објаснување е ниската концентрација на хранливи материи и црвени халофилни бактерии и микроорганизми, кои настануваат во солена средина.

Вакво розово езеро постои и во Сенегал и се вика „Ретба“.

26.05.2014 - 17:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега